Ексцентричната пејачка Лејди Гага, во интервјуто за британската телевизија, признала дека на турнеите често знае да си “олесни” во кантата за отпадоци во нејзината гардероба, бидејќи нејзиниот тоалет бил премногу далеку. “Мојот брз животен стил на турнеите ме принудува да пронајдам креативни начини за да заштедам време. Костимите ми се премногу комплицирани за да можам комотно да одам во тоалет”, изјавила пејачката. Доколку некој ме фотографирал, тоа денес би било многу интересна фотографија. Бев гола со розова машна на главата седната на кантата за отпадоци. Мојата канта и јас имаме посебен однос”, додала Гага.
Лејди Гага моментално е во Велика Британија каде што ќе настапи на концертот “Children in Need”.