Лејди Гага се верила со својот поранешен дечко, Лука Карло, со кој беше во врска уште пред да стане мегапопуларна. Конобарот, Лука, кој себеси се нарекува музичар бил најчестата инспирација на Гага за повеќето нејзини песни. Сега за сега тој само се има преселено во нејзината вила, а прстен ќе и купи но, најпрво ќе требал да собере пари за тоа. Оваа вест, за веридбата, излезе токму во најавата на новиот сингл на Гага. Венчавката најверојатно ќе биде во Чарлстоун, градот во кој живеат најголемите фанови на ѕвездата. Поточно тоа се фановите кои втора година по ред прават фестивал посветен на Лејди Гага, и прават дефиле во кое се појавуваат со нејзините најпознати сценски костуми.