Пеачката Лејди Гага во текот на неделава објави вест со која сите нејзини обожаватели ги фрли во делириум. Иако последниот албум “Born This Way” го сними пред неколку месеци, веќе снима нов.
Таман кога нејзините фанови ги научија и не така комплицираните текстови на нејзините денс песни, таа одлучи да се врати во студио за да работи на новиот материјал. Тоа што највеќе ги воодушеви нејзините обожаватели е дека нејзиниот нов албум ќе биде бесплатен.
– Тоа што многу работам ми е многу возбудливо, а новите идеи секојдневно ми доаѓаат. Овој албум ќе биде издаден за брзо време, изјави Гага.
“Born This Way” за скоро шест месеци е продаден во пет милиони примероци.