Лејди Гага вo дует со Шер

popara2 октомври, 20111min00
alg_resize_cher_lady-gaga

Во текот на ревијата на модната куќа Theirry Mugler во Париз, бил прикажан краткометражен филм на Гага поврзан со модата.

Лејди Гага заедно со Никола Формичети, дизајнерот од Theirry Mugler направиле краток филм кој го режирале Инез и Виндох (модната верзија на спотот „You and I “) и сето тоа било прикажано на ревијата на Модната недела во Париз.

Ова не е прв пат Лејди Гага да соработува со модната куќа Thierry Mugler бидејќи Никола Формичети е нејзин стилист, а на претходната ревија, Гага премиерно го пушти ремиксот на песната „ScheiBe“.

И додека сме во очекување на најновиот албум на Лејди Гага, кој сама го најави уште пред неколку дена, наскоро ќе биде објавен и дуетот кој поп иконата Шер. Песната е насловена како „The Greatest Thing“, а продуцент е RedOne, кој за песната вели:

„ Во потполност е вонвременска. Прекрасна е, има атмосфера која ве подига. Можете да почнете да ја свирите на клавир, на гитара или на било кој друг инструмент.“

Како што најавува Шер преку Twitter песната ќе излезе за неколку дена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma