Леќи украсени со злато и дијаманти – нова мода?

popara12 август, 20111min00
leki-dijamanti-zlato

Чандрашекар Чаван, доктор по оптометрија кој моментално работи во Центарот за испитување на очи во Индија, ги здружи силите со продавницата за накит Ла Сер, сè со цел да изработува леќи украсени со злато и дијаманти.

До оваа инвентивна, но по малку бизарна идеја дошол кога ги видел дијамантите на забите на својата сопруга.

“Штом луѓето обожаваат да носат злато и дијаманти на секаде по телото, зошто да не и во очите” – зајадливо се досетува докторот.

Освен злато и дијаманти, доктор Чаван користи и големи бостонски леќи кои ја покиваат целата белка на окото, па на тој начин украсите не доаѓаат во допир со рожницата.

Иако многу луѓе гледаат со сомнеж на оваа идеја, на повеќето таа им се допаѓа. Чаван се надева дека “Боливуд” наскоро на големо ќе се зарази со дијамантските леќи.

“Кога разговарате, секогаш гледате во очите на соговорникот. Ако поради дијамантите вашите очи сјаат, тогаш верувајте никој нема да може да го симне погледот од вас – секој ќе биде замајан од вашата посебност и енергијата со која ќе зрачите.” – тврди докторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag