Лековитите својства на бананата

slobodan3 февруари, 20111min00
banana1

Бананата е вкусно тропско овошје, кое содржи изобилство на витамини и минерали. Затоа со секој дневното нејзино конзумирање може да се спречи појава и развој на некои болести. Бананата содржи три природни шеќери фруктоза, сахароза и гликоза кои во комбинација со природните влакна предизвикуваат зголемување на енергијата. Тие ја ублажуваат депресијата, заради големата количина на триптофан, протеинот кој го содржи, и го подобрува вашето расположение, прави да се чувствувате посреќни. Затоа е препорачано нивното консумирање и во PMS.

Бананата е извор на голема количина на витамините од Б групата. Смирува при нервоза, а исто така и го регулираат покачениот крвен притисок. Секојдневната употреба може да ја намали можноста за срцев удар за 40%, токму поради голема количина на калиум која ја содржат. А познато е дека калиумот е еден од основните минерали, за работата на срцевиот мускул.

Исто така, бананата може да ја ублажи и намали анемијата, бидејќи содржи количина на железо. Одлично помага и при тегоби во желудниокот, бидејќи ја обновува слузокожата. Затоа се препорачува на луѓето кои имаат гастритис и проблеми со цревата.

Во минатото бананата најчесто се користела за намалување на телесната температура. Кога станува збор за лековитото својство на бананата, треба да се каже дека таа исто така помага за отстранување на брадавиците (кожни израстоци кои се појавуваат по кожата) со нанесување на банана. Се препорачува да се јаде за време на диетите. Погрешно е мислењето дека бананата дебелее. Таа содржи природни шеќери и природни влакна кои предизвикуваат ситост а при тоа му овозможуваат голема количина на енергија на организмот. Споредено со јаболкото, бананата има четири пати повеќе јаглехидрати, протеини, три пати повеќе фосфор, поголемо количество калиум, пет пати повеќе витамин А и железо. Па редно време е да ја замените јаболката со бананата. Сега правилото би било “една банана на ден нѐ прави поздрави.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma