Леонардо ди Каприо бил фатен во прегратките на убавата манекенка на Victoria’s Secret, Ерин Хетертон . Лео и Ерин уживале низ улиците на Сиднеј, каде што тој го снима филмот “The Great Gatsby”. 37-годишниот Леонардо обожува манекенки, а најмногу време поминал со моделите Бар Рафаели и Жизел Бундхен.
Ерин е веќе четири години ангел на Victoria’s Secret и е позната како еден од најуспешните американски модели. Леонардо овие денови ужива во пофалбите за успешно одиграната улога на Џ. Едгар Хувер, кој го глуми во филмот. Кога ќе се земе во предвид дека режијата е потпишана од Клинт Иствуд, не се сомневаме во квалитетот на филмот.