На забавата по повод 17 роденден на телевизија Пинк, Лепа Брена била поприлично уморна,а очигледно не ни внимавала што ќе облече. Се одлучила за едноставна комбинација, црна маичка и тексас здолниште под кое носела искинати чорапи.
На почетокот на вечерта била расположена, но како поминувало времето, било видливо дека и е потребен одмор. Брена се одвоила од местото на забавата и одлучила малку да седне, па со мобилниот во рака за момент си заспала. Откако “одремала”, се упатила дома и не успеала да го слушне настапот на еден од најпознатите светски диџеи, Боб Синклер.