Некои луѓе едноставно не сфаќаат дека цртаните филмови се плод на фактазијата, па не се откажуваат се додека не го имаат она што го виделе на екран. Таква е приказната за луѓето кои работат во лабораториите на универзитетот Принстон, кои создадоа летечки ќилим, баш како оној од цртанот за Аладин.
Магичниот ќилим е направен од пластика и е долг 10 сантиметри. Ќилимот се придвижува со помош на електрични бранови кои поминуваат низ посебно направени отвори на долната страна. Во моментот се движи со брзина од еден сантиметар во секунда, но научниците велат дека во иднина таа брзина ќе достигне и до еден метар во секунда.
Творецот на летачкиот ќилим вели дека бил инспириран од математичка теорема која ја прочитал кога се запишал на докторски студии, но мислам дека на сите ни е јасно дека идејата доаѓа од Дизни.
Погледнете го видеото за да се уверите дека ќилимот навистина лета:
http://www.youtube.com/watch?v=n0tGydpd_eo&feature=player_embedded