Ова е многу чуден остров со единствена флора и фауна која не може да се сретне на ниедно друго место на светот. Се чини како да не е од оваа планета. Се наоѓа во Индискиот Океан, 250км од Сомалија и 350кн од Јемен. Има 40000 жители. Нема ниту еден хотел ни ресторан, има само еден пат изграден пред две години. Климата е остра, сува со високи температури. Плажите се долги, некои и до 7км. Највисока надморсак височина е 1525м.
Името Сокодра е изведено од санскритскиот јазик и значи Остров на блаженство. Поради плажите? Поради изолацијата и тишината? Поради лудо чудното ботаничко царство?
На Сокодра голем дел од растенијата, поради долгата геолошка изолација, се очувани во својот првобитен облик како од пред 20 милиони години. Dracena cinnibaris или Ѓаволско крваво дрво извор е на чудотворна вредна смола и лек за се, а се претпоставува дека во средниот век била користена од алхемичари.
Овде расте и пустинскката роза (adenium obesium) и изгледа како да расцутела слоновска нога.
Има и скромни по изборот на тло за растенње, па доволен им е и камен за да пуштат корен. Исклучително ретко, а особено живописно е таканареченото дрво краставица.
И покрај фактот што островот го населуваат 40000 жители, јеменската влада дури пред две години, после преговори со UNESCO (која островот го прогласи за светско природно наследство), го изгради првиот пат. Не очекувајте асфалт. Пак се работи за земјен, тумбест пат, кој сосем се вклопува во околината, па поудобно е „возењето“ на камила.
На островот во вистинска смисла се подржува еко туризам, па не очекувајте хотел или ресторан. На тоај начин се подпомага и локалното население и неговиот начин на живот.
Островот е и рај за птици, ги има околу 140 видови, од кои десет се ендемични. Може да „потонете“ во приказни за проколнати бродови уживајќи во нуркачки тури. Градската архитектурата е типично јеменска.