Лицето открива какви сме во сексот!

popara7 ноември, 20111min00
seks1

Како да препознаете добар љубовник судејќи само по физичките карактеристики и цртите на лицето? Последните истражувања покажаа дека карактеристиките на лицето ги откриваат карактерните особини на луѓето, особено оние поврзани со сексот. Па, научете како да процените дали некој би ви одговарал преку неговите црти на лицето:

Усни: Оние кои имаат изразена горна усна имаат силен и нескротлив сексуален нагон.  Оние кои имаат поголема долна усна, сакаат многу сексуални игри и задоволства. Тенка долна усна означува скромни или ограничени сексуални фантазии. Светлите усни се знак за нестраствени  љубовници. Од таму доаѓа и шминкањето на усните со црвен кармин. Луѓето со потенка или пократка горна усна во споредба со долната, релативно брзо и лесно доживуваат оргазам.

Очи: Луѓето со сини и зелени очи се креативни и исполнителни со сексот. Очите во форма на бадем се знак за страст и силна привлечност. Очи накосени нагоре се знак за сензуалност, па затоа жените најчесто се шминкаат за да изгледа дека нивните очи се токму такви.

Нос: Мал нос открива скромна сексуална желба, додека големиот го говори токму спротивното.  Луѓето со нос насочен надолу се сензуални, но често знаат да бидат скржави, себични и нетрпеливи и знаат да го занемарат либидото на партнерот. Луѓето со грпка на носот знаат буквално да се „изгубат“ во вртлогот на страста.

Уши: Луѓето со мали ушни школки имаат силен сексуален нагон, иако се чини дека првенствено се насочени кон задоволување на партнерот, па затоа тие често не можат да се релаксираат и да искусат задоволство. Луѓето со големи ресички се страсни љубовници.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag