Бринета, црвенокоса, блондинка, оваа проблематична холивудска ѕвезда ги смени сите стилови за многу кратко време. Сега, по сите проблеми и времето поминато во затвор, Линдзи Лохан повторно стана „плавуша“.
По нејзината втора посета во една недела на познатиот фризерски салон Бајрон енд Трејси во Беверли Хилс, Лохан, видно задоволна, ја промовираше својата нова фризура пред папараците.
Се надеваме дека актерката ќе поминува повеќе време во шопинг, во козметички салони и спа центри кои ќе и го подобрат изгледот, наместо во дискотеки, приватни забави и ноќни клубови, каде дрогата и алкохолот буквално ја „остареа“.