Гостите во еден ноќен клуб биле шокирани од однесувањето на Линдзи Лохан и нејзината мајка Дина, кои толку многу се напиле што во еден момент се бакнале уста во уста.
Таа вечер, Дина Лохан го прославувала својот 49-ти роденден, па решила да излезе заедно со ќерка си. А како си поминаа? Незаборавно! Сведоци тврдат дека забавата повеќе наликувала на тинејџерска прослава, отколку на роденден од возрасен човек.
Линдзи и мајка ѝ во кратки фустани заедно се тркалале по сепарето, а во еден момент толку се занесле што се бакнале.
Интересно е што ова не е прв пат мајката и ќерката да се бакнуваат во јавност. Тоа го сториле и неодамна пред еден ресторан откако се опијаниле на тукушто поминатата заедничка вечера. Тогаш и двете добиле прекори од таткото на Линдзи, Мајкл. Што ќе направи кога ќе дознае и за овој најнов инцидент, засега ни останува само да претпоставуваме.