Лисабон – што не треба да пропуштите!

popara13 септември, 20111min00
1

Си го подарив себе си Лисабон за роденден и ќе го паметам тоа цел живот.

Мозаици и калдрма на улиците наместо асфалт, фасади украсени со мали плочки во разни бои… ви се чини дека не се наоѓате во Европа.

Прво што треба да посетите е кулата Белем и манастирот Јероним каде се наоѓа гробот на Васко де Гама. Немојте никако да пропуштите да пробате од националното слатко јадење “Pastéis de Belém“ за кое долго време се чека ред, но на крај се исплати. Одморете се и посетете ги прочуените летувалишта Есторил, Каскас и Каркавелос кои се оддалечени од прилика дваесетина минути со воз од Лисабон.

Превозот е точен до минута, било да се работи за трамвај, воз или метро.

Понатаму, морате да го посетите гратчето Синтра кое плени со невообичаената архитектура. Тука се наоѓаат низа стари градби, летувалишта, паркови и градини кои се наоѓаат под заштита на УНЕСКО. Синтра се наоѓа на 30 километри оддалеченост од Лисабон.

10 километри западно и јужно од Синтра се наоѓа Атланскиот Океан.

„Capo da Roca“ е ‘рт кој се наоѓа на 40 километри западно од Лисабон. Ова е доста популарна туристичка дестинација, бидејќи под ‘ртот се простира бескраен и феноменален поглед. Тука се наоѓате на најзападната точка од Европа, а под вас се наоѓа карпа од каде започнува Атланскиот Океан.

Што се однесува до ноќниот живот во Лисабон, тој се одвива во квартот „Bairro Alto“ кој се наоѓа на еден од седумте ридови на кои се простира целиот град. Јас го пробав коктелот кој си го нареков Руменко.

Се состои од свежи јагоди, вотка и ситен мраз. Ова место е омилено на туристите бидејќи нуди добра забава и шири автентична и пријатна енергија.

Супер можете да си поминете и на самата обала на реката Техо и на шеталиштето Докас.

Наредниот ден посвете го на прошетка низ Експо зоната од 1998 година. Областа изобилува со нови градби, трговски центри и секако “Oceanario“ – градба посветена на океанот и океанското дно. Верувајте, беспрекорниот поглед на морскиот свет ќе ве остави без здив.

Не пропуштајте во Лисабон да ја слушнете познатата Фадо музика, да јадете бакалар, да ја пробате нивната ракија и вината, се разбира. Во Лисабон можете да го видите и најдолгиот мост во Европа – Васко де Гама, долг 12 километри… и уште што не…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma