Жена по име Лиза Јохансен тврди дека е ќерка на познатиот пејач Елвис Присли. Јохансен тврди дека во 1977 година ја испратиле да живее во Шведска.
Лиза поднела обвинение против семејството на познатиот пејач, и бара отштета од 130 милиони долари, пренесува Гардијан.
Јохансен присуствувала на годишнината од смртта на Елвис Присли и таму изјавила дека таа е ќерка на Елвис “.
Сепак, ова не е прв пат Јохансен да настапи со такви тврдења.
Доцните 90-ти години објавила автобиографија Јас и Лиза Мари во која напишала дека е ќерка на Елвис Присли.
Лиза тврдела дека била испратена во Шведска поради страв од киднапирање, каде и било кажано дека ќе седи таму се додека не добие нов идентитет.
Резултатите од ДНК тестирањето никогаш не биле објавени, и издавачите ја тужеле затоа што не им давала увид во резултатите.