Љубов ли е ова или панаѓур?:)))

popara10 септември, 20111min00
1

По „свадбата од бајките“, Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Крис Хамфри заминаа на меден месец, кој ги чинеше неверојатни 3300 долари од вечер. Двојката потроши мало богатство за ова уживање, но парите потрошени за медениот месец изгледаат како „кикирики“ во споредба со тоа колку заработија со фамата која се крена околу нивната венчавка.

Кардашијан и Хамфри својот меден месец го поминаа во хотелот Санта Катерина на познатиот Амалфи брег во Италија. Како што можете да видите од ексклузивните слики, „гулапчињата“ навистина уживаат еден во друг и изгледаат како најзаљубениот пар на светот.

Познатата двојка била сместена во вилата „Ромео и Јулија“, која ги чинела неверојатни 3300 долари од вечер. Вилата, која има два спрата, располага со огромна спална соба, бања со големо џакузи, приватна градина и посебен базен.

Сепак, трошоците за медениот месец на Кардашијан воопшто не треба да ја загрижуваат. Двојката доби 1.5 милиони долари за свадбените фотографии од магазинот „People“, а ќе добие и огромна сума за телевизискиот прилог за нејзината свадба, кој ќе го емитува E! Network на 9ти и 10ти октомври. Познатиот пар исто така инкасираше 300.000 долари од сликите од веридбата, како и 100.000 долари за сликите од моминската вечер на Кардашијан.

Кардашијан и Хамфри се пример за добри бизнисмени кои секоја прилика ја претвораат во пари. Кај нив функционира и правилото „љубов си е љубов, но пари си се пари“. Поучени од негативното искуството на другите познати парови, познатата двојка потпиша и предбрачен договор со кој Ким ќе си го заштити своето богатство, кое се проценува на околу 35 милиони долари, а Крис своето, кое се проценува на околу 10 милиони. Како викаат, „чиста сметка долга љубов“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma