Љубовни лекции од познатите! Тие знаат најдобро :)))))

popara14 октомври, 20111min00
angelina jolie i bred

Во денешно време, сите љубовни вести од Холивуд се поразителни – разводи, неверства, раскинувања… Изгледа дека стабилните љубовни врски се вистинска реткост во светот на шоубизнисот. Сепак, постојат и исклучоци, односно холивудски двојки чија љубов опстанува веќе долго време. Какви љубовни совети ни нудат тие???

Хајди Клум и Сил: Не опуштајте се!!!

„Не сакам да бидам само сопруга и мајка, сакам да бидат „згодна женска“ за мојот маж, која сеуште знае да биде привлечна и забавна“, вели Хајди Клум.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек: Стојте цврсто на земја!!!

Оваа позната двојка не живее во Холивуд, туку во Бостон во нормално опркужување. Тие важат за едни од „најнормалните“ холивудски парови бидејќи живеат како секое нормално семејство.

Анџелина Џоли и Бред Пит: Чувајте се еден со друг!!!

„Една од најпаметните работи кои ги направив во животот е што на моите деца им ја подарив Енџи како мајка. Многу сум среќен што ја имам“, вели Бред.

„Јас и Енџи се чуваме еден со друг. Кога јас работам, таа се грижи за семејството и обратно“, додава познатиот актер.

Бијонсе и Џеј Зи: Чувајте ја љубовта подалеку од очите на јавноста.

Оваа холивудска двојка во февруари го чека своето прво дете. Тие велат дека нивната љубов е силна затоа што не разговараат наоколу за таа тема. Послушајте го нивниот совет и зачувајте ја вашата интима само помеѓу вас и вашиот партнер.

Гвен Стефани и Гевин Росдејл: Ставете го партнерот на прво место!!!

„Мојот сопруг е мој приоритет, иако понекогаш морам да одбијам понуди за да бидам со него. Тој го прави истото за мене и така опстануваме“, вели познатата пејачка.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам: Не брзајте пред олтар!!!

Следете го примерот на британската кралска војска и не брзајте да се венчате. Оставете работите да течат по природен тек, бидејќи „со сила убавина не бидува“.

Викторија и Дејвид Бекам: Бидете блиску, дури и кога сте далеку!!!

Иако често се раздвоени заради многуте обврски, тие се постојано во контакт и секогаш си посакуваат добра ноќ. Клучно е чувството на блискост, без оглед на физичката далечина.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag