Локаут во НБА лигата!

popara1 јули, 20111min00
1a956c46450e1847584fd382f605b0a6_XL

На полноќ по локално време на источната обала во САД, на сила стапи локаутот во НБА, односно забрана за работа во најсилната кошаркарска лига на светот. Причина за штрајкот, односно прекинот на работа е истекувањето на колективниот договор. Двете страни, здружението на сопственици на НБА клубови и синдикатот на играчи, не најдоа решение околу новиот договор. Тие не се согласија околу платите, ниту за горната граница на буџетот (силарити кап). Сопствениците на клубовите не сакаат 57% од вкупниот остварен промет да го трошат на платите на играчи. НБА организацијата преку Дејвид Штерн предложи смалување на вкупниот износ за плати на 750 милиони долари годишно. Со тоа, клубовите нема веќе да остваруваат загуби, како што во изминатите шест години се генерираа загуби од милијарда долари. Само оваа година загуби пријавија 22 од 30 клубови. Играчите прифатија делот од буџетот за нивните плати да биде 54,3%, со што тие би загубиле 500 милиони долари за пет години, но тоа на сопствениците не им одговара.

Извор: Спортнет

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag