Лондон во пламен! Хулигани тепаат се пред себе!

popara7 август, 20111min00
london

Лондон во Саботата навечер изгледал како бојно поле. Летале молотови коктели на сите страни, се рушело и кршело се низ улиците на градот. Нередите ги предизвикале демонстранти кои бунтувале поради убиството на Марк Дуган(29) од страна на полицијата, за кој се верувало дека е мафијаш.

Демонстраните не верувале на исказите на полицијата дека Дуган прв почнал да пука кон полицијата.

Во пресметката со околу 300 хулигани биле повредени осум полицајци, јавува Скај Њуз.

Целиот настан започнал со протест пред полициската станица во Тотенхем каде биле запалени неколку полициски возила и автобус. Подоцна во обид да се спречат хулиганите пристигнале и специјалните полициски сили, но хулиганите и понатаму продолжиле со насилното однесување. Немирите траеле цела ноќ и се уште нема официјални информации колку од демонстрантите се уапсени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma