Ева Лонгорија и Тони Паркер судски се разделија. Заврши судскиот процес со кој и Ева и Тони се повторно сингл. Адвокатот на Тони во петокот ги предал документите на судот во Тексас, со кои бракоразводната постапка е завршена. Ева, која инаку документите ги предаде во судот во Лос Анџелес, сепак се сложи дека е најдобро да се разведат пред судот во Тексас каде го потпишале предбрачниот договор. Како причина за развод била наведена големата разлика помеѓу двајцата сопружници. Ева Лонгорија во последно време се почесто во јавноста е гледана со братот на Пенелопе Круз, Едуардо, со кого се зборува дека се гледала и додека била во брак со Паркер.