Лоши навики кои го комплицираат животот

24 октомври, 20110
losi naviki

Сите ние имаме лоши навики кои ни го комплицираат животот, како доцнење, озборување, избувливост. Иако ваквите навики на прв поглед не изгледаат многу страшни, сепак во многу случаеви знаат да направат проблеми во животот. Поради нив можете да изгубите близок пријател, да не го остварите животниот сон или едноставно да создадете проблеми кои сте можече да ги избегнете.

Постојат најразлични видови на лоши навики, но овие се најчестите:

Доцните на работа, доцните на деловни состаноци, доцните на средба со партнерот кое можеби е ваш пасивно-агресивен начин на одмазда кон личностите кои ве принудуваат да се прилагодите кон нивниот распоред.

Кога и да имате некоја обврска која треба да се заврши, секогаш како најдобро време ви се чини утре. Тоа е затоа што најверојатно се плашите дека вашата работа и постапките нема да бидат совршени и дека другите ќе ве декларираат како „измама“.

На почетокот врската беше одлична, но сега едноставно ве излудува и не можете да си помогнете – караниците станаа секојдневие. Тоа е последица на фактот дека се плашите целосно да се отворите пред партнерот бидејќи на тој начин тој би го запознал вашето вистинско лице, а вие се плашите дека после тоа нема да ве сака.

Купувате премногу. Заслужувате убави работи, но за жал претераното купување може да доведе до неплатени сметки и празни паричници и картички. Непромисленото и импулсивно купување е еден од популарните начини на прикривање на негативните чувства.

Кога ќе ја достигнете совршената тежина, почнувате да се прејадувате. Стручњаците сметаат дека оваа непосакувана навика ја предизвикува несигурноста. Имено, некои едноставно не се навикнати на вниманието од спротивниот пол кое го предизвикува виткото тело, па едноставно не знаат да се справат со тоа и се чувствувата ранливо.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş