Може ли градникот со неодговарачка големина да предизвика проблеми со ‘рбетот?
Да, вистина е, лошиот градник може да доведе до проблеми со ‘рбетот. Жените често носат градник со несоодвотна големина, особено жените кои имаат голема гради. Тоа може да создаде проблеми бидејќи жените поради „тежината” се подгрбавени, што, секако, доведува до проблеми со ‘рбтетот – мускулите на вратот и грбот се заморуваат.
Треба да се бара градник кој нуди вистинска потпора. Често се препорачуваат спортски градници, кои имаат облик на буквата T на грбот, бидејќи тие ве „тераат” рамената да ги држите назад, и на тој начин барем ќе го минимизрате лошиот став. Без разлика на што ќе се одлучите, целите гради треба да стојат во кошницата. Страничниот дел мора да ви е стегнат, но не смее да се заврзува, а и прерамките треба да бидат доволно широки да не се врезуваат во рамењата.
Доколку сакате да спречите некои проблеми со ‘рбетот кои сеуште не се пристуни, но можно е да се појават, неизбежни се вежби. Важно е да се зацврсти мускулатурата на грбот, вратот, рамењата, стомакот, а особено е важно истегнвањето на пекторалните мускули (градните мускули).