Lotus Elise

popara3 октомври, 20111min00
0

Lotus Elise е автомобил со две седишта, кој почнал да се подготвува во 1994 година, а бил завршен во септември 1996 година од англискиот производител Lotus. Овој автомобил е способен да развие брзини до 240 километри на час. Името произлегува од Elisa, внуката на Романо Артиоли кој бил претседател на Lotus во времето кога се појавил овој автомобил.

Lotus Elise од 1996, тежел 725 килограми. Поради релативно малата тежина, тој можел да развие брзина од 97 километри на час за 5,8 секунди, и покрај неговата мала моќност од 118 коњски сили. Кочењето, вртењето, и трошењето на гориво се исто така одлични поради малата тежина на колата.

Првата серија од овој автомобил била дизајнирана од Џулијан Томсон, претседателот на дизајн во Lotus, и Ричард Ракман главниот инжињер во Lotus.

Lotus Elise подоцна излезе во различни изданија: Lotus Elise Sport 135 (со од 135, до 140 коњски сили), Sport 160, Sport 190. Подоцна излегоа и модели како: 111S, 340 R, Exige.

Втората серија на овој автомобил почнал да се произведува по 2000 година. Биле произведувани следниве модели: 111S (со зголемена моќност од претходниот модел), 111R Federal Elise, Elise S, Elise R, Elise SC.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma