Солт Лејк Сити – едно ловечко куче го ранил својот газда, откако застанал на пушката која се наоѓала во чамец.
Заменик шерифот Кевин Потер изјавил дека 46 годишниот маж од Јута, бил на лов на патки со пријател, излегол од чамецот за да ги провери мамците. Тој ја оставил својата пушка во чамецот, а кучето застанало врз неа и случајно таа испукала.
Мажот бил погоден од три метри растојание, не е сериозно повреден, бидејќи носел заштитни панталони.