Луд Рус ги купува Мурињо, Роналдо, Нејмар и Тевез:))) Имал мерак да ги гледа:)))

popara7 октомври, 20111min00
roberto-carlos3

Рускиот прволигаш Анжи Махачкала, кој е во сопственост на магнатот Сулејман Керимов, има намера да ги донесе највзвучните фудбалски имиња во денешно време, што за Керимов не е проблем, бидејќи за него се вели дека е најбогат човек во Источна Европа.
Тоа го потврди поранешниот бек на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Роберто Карлос (38), кој сега во Анжи има улога на играч-тренер.

“Би сакал да го донесеме Кристијано Роналдо. Разговарав и со Нејмар од Сантос, и ако Реал или Барселона не го ангажираат, тогаш ние ќе го сториме тоа. Наша цел е да го ангажираме и Мурињо, но исто така разговараме и со други познати светски тренери. Ние сакаме да бидеме како Барселона или Реал Мадрид “, изјавил Карлос.
Тој ги истакнал и чувствата на Самуел Ето, кој летово потпишал три годишен договор со рускиот прволигаш за 10 милиони евра по сезона.
“Премногу е среќен, но не само поради парите што ќе ги заработи, туку и за навивачите кои одлично го третираат.”

Во меѓувреме, светските медиуми објавиле дека Анжи покажал интерес за купување и на аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез од Манчестер Сити, кој неодамна бил суспендиран поради тоа што одбил да влезе во игра во натпреварот од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma