Еден даблински клуб „Трамко“ организирал ноќна забава како никој досега, бидејќи таа вечер гостите можеле пијалоците да ги плаќаат со своите гаќи.
Забавата која била наречена „Гаќи за пијалок“(Knickers for Liquor), се одржала во петок, а во најавите на социјалните мрежи луѓето биле повикувани да присустуваат на таа забава да добијат бесплатна пијачка во замена за својата долна облека.
Сепак организирањето ваков тип на забава наишло на многу критики, пред се бидејќи во овој клуб пред неколку месеци била силувана една 15 годишна девојка, поради што бил уапсен 14 годишен тинејџер, но пуштен на слобода без обвинение. Менаџментот на клубот несакал да го коментира овој инцидент.