Врвниот менаџмент на Микрософт потврди дека Иксбокс Лајв услугата дефинитивно ќе се најде на новото издание на оперативниот систем Виндоус.
Во изминатите месеци добивавме помалку конкретни информации околу ова т.е до сега немаше службена најава, но сега се јасни во оваа намера и пред некој ден главниот одговорен за споменатиот сервис Лери Хриба, ја потврди конечната одлука за влез на Иксбокс Лајв услуга во системот на Виндоус.
Хриба познат како Мејџор Нелсон, на својот блог изјавил дека има многу работи кои треба да се научат околу функционалноста на Иксбокс услугата на Виндоус 8 системот, но тоа ќе го остават за следните неколку дена кога Микрософт на својата следна конференција треба да открие информации за „екосоставот“ помеѓу специјалните компјутери, мобилни уреди и играчки конзоли.
Сега за сега знаеме само дека програмерите ветуваат поедноставна изработка на компјутерските игри, преку кои би ги користеле функциите на Иксбокс Лајв услугата. Што конкретно ќе биде тоа, останува да видиме.