Речиси еден од четворица луѓе поминуваат повеќе време сурфајќи на интернет отколку што спијат, според едно ново истражување.
Истражувањето спроведено од страна на компанијата Sky Broadband покажало дека повеќе луѓе боледуваат од т.н. синдром на е-анксиозност, односно ги фаќа паника или паѓаат во депресија кога тие не се во можност да си го проверат својот e-mail или Facebook профил.
Истражувањето покажало дека мажите трошат многу повеќе време на интернет отколку жените. Поконкретно, еден од четири мажи дневно троши шест или повеќе часа пред компјутерот, додека една од пет жени поминува исто толку време сурфајќи на интернет.
Една од три личности дневно, го проверува својот e-mail повеќе од шест пати дневно, додека една од 20 личности го проверува својот e-mail повеќе од 25 пати на ден. Исто така, една од седум личности ги проверува коментарите на профилот на социјалните мрежи повеќе од десет пати на ден.
Резултатите од ова истражување се загрижувачки бидејќи покажуваат дека луѓето поминуваат повеќе време пред компјутер и помалку време за шетање, дружење со пријателите и семејството, но исто така и за квалитетен сон.