Формула 1 возачот, Луис Хамилтон за време на едно интервју, признал дека тој сè уште е заљубен во својата девојка Никол Шерзингер од Pussycat Dolls.
“Се уште е рано да се разговара отворено за сето тоа, но сепак ја сакам и се надевам дека еден ден ќе бидеме повторно заедно,” признал Луис. Двојката ја заврши нивната романса минатиот месец. Извори блиски на парот изјавиле дека врската се распаднала поради тоа што Никол сакала нешто што Луис во тој момент не можел да и даде, а тоа е венчален прстен.