Луксузниот Дива Ресорт, Малдиви:)

popara5 ноември, 20112min00
01

Малдивите се познати по убавините и кристално чистото море кои ве оставаат без здив, а луксузниот Дива резорт е идеална дестинација да ја почувствувате оваа убавина.

Тивката локација, отстранета оф комплексноста на секојдневното живеење, е рај за пливање и нуркање. Островите на Малдивите се познати по разнобразноста на водениот свет, и гостите во Дива се само еден час оддалечени од дел од најдобрите локации во светот за нуркање каде секојдневно можат да се видат 6 метри долги кит ајкули.

Гостите имаат избор да отседнат во водените вили изградени во лагуната, кои се одликуваат со ексклузивни скалила кои водат до водата, дозволувајќи ви да зароните кога ќе посакате. Вилите се опремени со малдивски дрвен под, египетски памучни чаршави и материјали од Pierre Frey од Париз кои на спалните им даваат чувство на топлина и луксуз. Декорот продолжува од боите на лагуната, со примеси на тиркиз и сенки на беж и окер. Рестораните на Дива нудат широк спектар на храна, од локални деликатеси до интернационални вкусови, со 24-часовен сервис во понудата за оние кои сакаат да се одморат во нивните луксузни вили.

За оние кои сакаат да се венчаат на егзотична локација, Дива нуди идилични места за венчавки и меден месец, со планери кои кои комплетно ќе се погрижат за вас и ќе го направат денот незаборавен и перфектен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag