Френки и Луи е навистина необична мачка. Најголемиот број мачиња со ваква деформација живеат само неколку часа по раѓањето, но Френки живее веќе 12 години, што е длабока старост дури и за нормални мачки.
Овој необичен мачор има две усти, два носа и две функионални очи, како и едно нефункционално. Неговата сопственичка вели дека мачорот најпрвин го отворил нефункционалното око и дека личел на Киклоп. Таа вели дека Френки е доминантниот лик, односно она лице кое јаде, додека Луи само душка наоколу.
httpv://www.youtube.com/watch?v=dOivbSTpzXs