Рускиот премиер Владимир Путин (58) во понеделникот ја предводел колоната на моторџии на фестивалот во рускиот град Новорсиск. Тој на присутните им рекол дека не само што сакаат да ги возат своите мотори, туку тоа го комбинираат со патриотски дела за својата земја и луѓе. Путин патува во својата земја и ја промовира неговата партија која се подготвува за избори на 4 декември.
Владимир Путин многу сака предизвици. Поранешниот КГБ агент сака да се искачува по карпи, да нурка, да вози Ф1 болид и борбен авион… Неговата популарност е во постојан пораст. Путин, кој е носител на црн појас во џудо кај гласачите во Русија има статус на домашен Џејмс Бонд, “алфа мажјак” и спасител на нацијата.