Засолниште на ќерките на сонцето
Кога шпанските освојувачи, го уништиле најголемиот дел од Инките и последниот владател на Атауалпа го убиле – останатите жители побегнале во една оддалечена ридска тврдина на Андите. Оттаму уште 39 години, храбро ги напаѓале конквистадорите. Шпанците никогаш не успеале да го пронајдат тајното засолниште. Кога исчезнале и последните Инки, тврдината била заборавена. Пред неколку децении ја пронашле, иако уште многу поодамна се знаело дека мора некаде да постои: Мачу Пикчу, слично на орелско гнездо, на висина од 2.000 метри, била изградена огромна тврдина.
Крв и многу злато било потрошено за патот на 188-те војници кои под раководство на генералот Francisco Pizarrо, тргнале со цел, припојување на државата на Инките кон Шпанската круна. Дошол во поволен момент. Последниот владател Huayna Capac, ја поделил државата на своите синови Atahualpa и Huásca.
Наследните се искарале, поради што настанала граѓанска војна, од која Atahualpa излегол како победник. Својот брат го заробил во Куску, во познатиот главен град на Инките – во превод значи “папокот на светот“. Во својата престолнина Кахамарка, очекувал да надојдат голем број на Шпанци, а пред неговиот град Pizarro, првпат се појавил на 25 ноември 1532 година.
Неговите чети никогаш нема да можеле да започнат војна, против најмалку 30.000 неуништливи Инки. Генералот го намамил владетелот во неговиот главен штаб и го заробил. Тој ден, животот го загубиле 4.000 Индијанци. Atahualpa, кој ја познавал жедта и алчноста на Шпанците по злато, се обидел да ја плати својата слобода. “Предложил, просторијата во која бил затворен да ја наполни со злато, до висината до која рацете можат да стигнат. Но, Шпанците за тоа, морале да му ја вратат слободата“ (Francesko de Herez), а Pizarro, на тоа се согласил.
Иако, Atahualpa го исполнил своето ветување, сепак никогаш не ја видел својата слобода. Генералот наредил да го убијат. Пред да биде погубен, Atahualpa, ги преколнал своите убијци, а клетвата се исполнила. Веднаш, после овој настан, сите учесници во неговото убиство, вклучувајќи го и Pizarro, умреле од болна и сурова смрт. Индијанците, организирале лов на виновниците. Генералот Manko Kapak, еден од браќата на Atahualpa, се прогласил за крал на Инките и ги понел огорчените Индијанци во борба против тиранинот. После една неопислива борба, победиле Шпанците. Manko Kapak, се повлекол назад со своите верни луѓе, меѓу кои биле и “ќерките на сонцето“, според верските верувања, тоа се посебно облечени девици и се повлекле назад во ридската тврдина која била наречена Мачу Пикчу.
Одовде, тој и неговите следбеници ги предводеле нападите врз Шпанците кои траеле со децении. Иако, Шпанците упорно се обидувале да го откријат нивното засолниште, сите обиди биле неуспешни. Но, еден ден, кога престанале нападите, поради тоа што изумреле жителите на Мачу Пикчу или поради тоа што се иселиле, Шпанците престанале да се интересираат за нивното засолниште. Во деветнаесеттиот век освојувачите, авантуристите, ископувачите на злато и учесниците во истражувачките мисии започнале да спороведуваат активности за пронаоѓање на Мачу Пикчу – но, без успех. Дури професорот по историја Hiram Bingam, предводникот на една експедиција од Универзитетот Јел, наидол на траги поврзани со престолнината.
На ден 24 јули 1911 година, за првпат ја видел ѕидината Мачу Пикчу, која била прекриена од прашумата. Целокупната градба била откриена година дена подоцна. Тогаш, пред нив виделе огормен сплет на тераси и скали – неговиот придружник престанал да ги брои скалите кога стигнал до 3.200 – се нижеле ѕидини и кули, бунари и храмови, како и гробови со мумии и свети камења.
Единствено, местоположбата на градот, во кој некогаш живееле околу 10.00 жители, претставувала причина зошто Шпанците не успеале да стигнат до Мачу Пикчу. Врвовите на ридот биле прекриени со тераси и опколени од трите страни со 700 метри длабока и стрмна клисура во која беснее брзата река Урубамба. Четвртата страна е затворена со гребен од еден рид. Сигурно, во времето на Инките постоеле и мостови преку реките, кои можеле во одредени моменти да ги повлекуваат и да ги уништуваат.
“Ѕидовите кои биле прецизно изработени од блокови на камења, ги правеле поцврсти и им давале можност да се одбранат од надворешните влијанија“, се претпоставките на професорот од Универзитетот. Иако, немал пронајдено никакви докази дали градот некогаш бил нападнат од страна на непријатели. Исто така, и голем број на други мистерии останале неразјаснети и покрај големиот број на гробови и остатоци кои биле пронајдени. Зошто Инките го напуштиле Мачу Пикчу? Од кога датираат огромните ѕидини? На кој начин ги имаат донесено овие камења на ридот?
Можеби еден ден ќе бидат потврдени претпоставките дека Мачу Пикчу бил изграден илјада години пред нашата ера. Како и нивните тврдења дека светот настанал за време на владеењето на првиот владател на Инките.