Мадона и нејзиниот менаџер Гај Осери се многу бесни што новата песна “Give Me All Your Love” се појавила на интернет и веднаш тргнале во потрага по виновникот. Песната се појавила во демо верзија, и имала позитивни критики, но сепак Мадона и Осери се многу лути поради целиот инцидент. Тие преку Твитер побарале од фановите да помогнат во потрага по виновникот.
http://www.youtube.com/watch?v=6QS8B1AmkuE&feature=player_embedded
“Идејата беше новата музика да излезе во новата година. А некој ја има објавено демо верзијата на песната. Јас сум среќен што за песната има позитивна реакција, но многу сум лут што на некој му паднала таква луда идеја. Помогнете ни да го пронајдеме виновникот и спречиме во иднина да не објави нови песни, напишал менаџерот на Мадона. Во финалната верзија на песната ќе се појави и Ники Минај, а новиот албум на Мадона треба да излезе следната година.