Холивудскиот актер Мајкл Дглас ќе го игра познатиот пијанист Валентино Либераче. Филмот “Зад свеќниците”, ќе го режира Стивен Спилберг, додека Мет Дејмон ќе го глуми младиот љубовник на Либераче.
Ексцентричниот пијанист бил познат по големите свеќници кои стоеле на неговиот клавир додека тој свирел, како и необичните костими и екстравагантниот накит.
Филмот “ Зад свеќниците”, ќе почне со производство следното лето, а за сега не се знае точниот датум на неговото емитување.