Кралот на поп музиката Мајкл Џексон бил убеден дека му се „спрема“ атентат, па затоа носел панцир на подготовките за неговиот камбек концерт. Пејачот почина во 2009 година, само неколку недели пред неговиот долгоочекуван концерт во Лоднон.
Мет Фид, кој бил дел од обезбедувањето на Мајкл, решил јавно да проговори за времето кое го поминал покрај кралот на поп музиката. Фид изјавил дека Мајкл носел панцир и на судењето за злоставување на малолетници во 2005 година, бидејќи и тогаш сметал дека неговиот живот е загрозен.
„Мајкл ми рече дека се плаши дека нема да ги заврши предвидените концерти бидејќи стравува дека ќе биде убиен на сцена. Тој ме замоли да ги чувам неговите деца за да биде сигурен дека тие ќе бидат добро. Беше во тотален хаос. Ми рече дека и во 2005 година морал да носи панцир секој ден за време на судењето. Тогаш ми кажа дека планира да носи панцир и на престојниот концерт“, објавил Мет Фид.
„Мајкл мислеше дека некој ќе му пука во глава, па испи пола шише виски за да се смири. Конференцијата во Лоднон беше негово прво појавување во јавност по пауза од неколку годни. Тој беше убеден дека ќе се случи нешто лошо“, изјавил личниот телохранител на пејачот.
Дали Мајкл си ја предвидел сопствената смрт, или пак тоа биле само панични стравови на ментално пореметен човек, со сигурност не може да знаеме. Она што во моментот е актуелно е судењето на неговиот доктор, кој е обвинет за убиство на кралот на поп музиката.