Мајкл Џексон бил запознаен за опасноста на лековите

popara25 октомври, 20111min00
0111-murray-jackson-ex

Еден од докторите на починатиот крал на поп музиката Мајкл Џексон, д-р Алан Метзгер, открил дека пејачот бил предупреден за опасностите од употребата на лековите за спиење.
Д-р Метзгер бил повикан на судењето на Конрад Мареј, кој бил личен лекар на Џексон и кој е обвинет за убиство на пејачот. Д-р Метзгер изјавил дека на Џексон никогаш не му дал Пропофол, лек од кој највероватно умрел пејачот.

Д-р Метзгер на судењето изјавил дека се состанал со Мајкл Џексон во април 2009 година, каде Мајкл му побарал интравенозни лекови за спиење. Мајкл лековите ги викал “сокови”.

“Јас не се сеќавам како тој точно ги именувал лековите, но знам дека рече многу од нив немале ефект. Лично, јас се обидов со лекот Тинелом ПМ, но не успеав. Потоа се обидовме со Ксенакс, исто така без успех. Следниот пат му дадов Клонопин и Тразодон и му напоменав да не ги користи заедно.

Обвинителот Дејвид Валгрен го запрашал Д-р Метзгер дали за одреден износ на пари би му обезбедил на Мајкл Џексон, Пропофол. Лекарот одговорил дека тоа никогаш не би го сторил.

Минатата недела, експерт за пропофол изјавил дека Џексон во телото имал повеќе Пропофол, за разлика од тоа што предходно го кажала одбраната на Мареј.

Судењето ќе трае најмалку уште три недели, а Мареј ако биде осуден може да добие четири години затвор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag