Делата на Покетс Ворхол може да се опишат како апстрактни и експериментални, иако нивниот автор е мајмун, тие сепак си најдоа свои клиенти кои се повеќе ги купуваат неговите уметнички дела.
Мајмунот уметник со сликарство почнал да се занимава од минатата година, кога една од волнтерките во зоолошката градина во Торонто, му дала бои за деца, за да види дали тоа ќе може да го задржи окупиран со нешто.
„Покетс отсекогаш беше темпераментен и многу разигран, но сликањето го сфати многу сериозно. Сепак некогаш му недостига концентрација и почнува да ја јаде бојата“, изјавила волонтерката.
Никој не очекувал дека љубовта кон сликањето на овој мајмун на зоолошката ќе и донесе голем приход. Неговите слики достигнуваат и до 250 долари, а за сликање на платно, мајмунот ја користи опашката, рацете, нозете и секако четка.
Талентираниот уметник мајмун наскоро ќе ја има и својата прва изложба на која ќе бидат претставени 40 негови уметнички дела.
httpv://www.youtube.com/watch?v=OsAtGO_z_c4
httpv://www.youtube.com/watch?v=Tcr6nybTEso