Сварете ги макароните. Во меѓувреме исчистете го кромидот и исецкајте го на коцки. Младиот кромид исечете го на тркалца. Доматите попарете ги со топла вода, за да може полесно да ги излупите. Исецкајте ги и нив. Загрејте го маслото и додадете го кромидот. Кога ќе се запржи додадете го младиот кромид, супата, виното и оставете на кратко нека се динста. Потоа додадете ги макароните и доматите и зачинете по желба. Додадете го и фета сирењето, и се заедно да се пропржи. На крајот ставете ги и маслинките исечени на парчиња. Послужете додека јадењето е топло. Може да го украсите вкусното јадење со гранчиња босилек.
Потребни состојки:
300 гр макарони
200 гр фета сирење
100 гр зелени маслинки
200 мл бело вино
200 мл супа
2 главици кромид
3 млади кромидчиња
4 домати
2 лажици масло за јадење
сол и бибер