Македонија поразена на стартот. Денес играме против Хрватска

popara1 септември, 20111min00
Mak basket

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз во првиот натпревар на Европското кошаркарско првенство кое се одржува во Литванија. Таа загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 70-65, по продолженијата.

Најдобар играч во нашата репрезентација беше Лестер Бо Мекејлеб. Тој забележа 17 поени, 4 скока, 4 асистенции и 4 украдени топки. Најдобар скокач во нашиот тим беше Предраг Самарџиски. Меѓутоа Македонија потфрли во играта под обрачите, таа имаше 39 наспроти 5-те скока на Црна Гора. Зачудувачки нашиот капитен Перо Антич имаше само еден единствен скок. Македонија немаше одговор за играта на Владимир Дашич кој постигна 20 поени и имаше дури 16 скока.

Еден од пресудните моменти на натпреварот беше петтата лична грешка на Бо Мекејлеб во последниот напад на Црна Гора од регуларниот дел. При резултат 61-61, на 5 секунди до крајот Бо Мекејлеб направи фаул и со тоа мораше да го напушти натпреварот. Можеби тоа беше грешка на селекторот Марин Докузовски кој не требаше да го остави Бо во игра, знаејќи дека ќе одиме на фаул.

„Сите одиграа максимално и со срце, сепак го загубивме овој за нас најважен натпревар. Поради отсуството на Гечевски и малиот број на високи играчи, сакавме натпреварот да има мал број на поени и добро го правевме тоа. Да го имавме Гечевски ќе беше комплетно различна приказна, сепак мислам дека и вака можевме да победиме. Клучниот момент се случи на пет секунди до крајот, кога Мекејлеб ја направи петтата лична грешка. Не бевме во бонус, имавме можност за уште еден прекршок, но никој не ми сугерираше дека Мекејлеб веќе има четири лични. Неговата забрана за настап во продолжението ни ги сруши шансите“, изјави по натпреварот селекторот Марин Докузовски.

Македонија следниот натпревар го игра денес, против репрезентацијата на Хрватска во 21:00.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag