Македонија загуби од Европскиот шампион. Но покажавме колку големо срце имаме

popara17 септември, 20111min00
{EB3545DA-2347-48F1-BA67-E2346BCB0959}flexible

Репрезентацијата на Македонија повторно не направи горди, иако загуби од Европскиот шампион Шпанија со 92-80. Нашите репрезентативци дадоа се од себе, играа со срце, се бореа, но сепак наидоа на предобрата Шпанија и денеска незапирливот Хуан Карлос Наваро. Наваро постигна 35 поени, од кои 19 во третата четвртина која ние ја започнавме со водство. Исто така Македонија беше надиграна и под обрачите, Шпанија имаше 47 скокови (од кои 19 офанзивни), наспроти 32 на Македонија.

Во нападот одигравме одлично, имавме 4 играчи над 10 поени. Бо Мекејлеб постигна 25 поени, додека капитенот Перо Антиќ забележа 17 поени. Во шпанската репрезентација, покрај Наваро, одличен беше и Пау Гасол со 22 поени и дури 17 скокови.

„Имаме големо срце и сакавме да прикажеме добра кошарка денес. Знаевме кој ни е противник – големата Шпанија – и знаевме дека ќе биде многу тешко да ги изненадиме. Не игравме одбрана како што игравме на претходните натпревари, но тоа беше поради нашиот замор и нивните офанзивни скокови. Игравме добро и верувам дека не ги разочаравме нашите фанови,” изјави нашиот селектор, изворедниот Марин Докузовски.

Во Недела во 16:30 за бронзата, играме против репрезентацијата на Русија, од која несреќно загубивме во групната фаза. Со среќа момци!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma