Мала промена за совршена линија :))

popara29 септември, 20111min00
sovrsena linija

Сакате да ослабнете, а не да се препуштите на различни диети кои изгладнуваат? Што е потребно да направите за полесно да се храните.

До овој заклучок стигнаа истражувачите на Универзитетот Корнел кои тврдат дека нашето тело нема механизам кој може да ја забележи малата промена во енергетскиот внес.

Испитаниците кои за ручек ја намалиле порцијата со храна, подоцна не чувствувале силна глад и не го надокнадиле намалениот оброк во вечерните часови.

Мали промени во внесот на енергија можат да го спречи зголемувањето на телесната тежина.

-“Еден начин е контролираниот внес на ручекот со умерениот внес на калории неколку пати неделно”, објаснува авторот на студијата.

Нејзиниот тим го следел внесот на храна кај 17 луѓе, кои една недела внесувале храна која тие ја избирале. Следните две недели половина од нив јаделе ручек со контролиран внес на калории, додека останатите јаделе храна по свој избор. Последните две недели со истиот режим на исхрана биле следени и останатиот дел од групата.

Додека внесувале ограничен дел од ручекот, сите испитаници дневно косумирале по 250 калории помалку и просечно изгубиле по пола килограм.

“Преку една година овој режим може да резултира со најмалку 11.36 килограми помалку”, заклучил Дејвид Левитски, еден од авторите на студијата објавена во списанието “Appetite”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag