Малце и биле парите!!! Натка се откажа од турската серија!!!

popara9 октомври, 20111min00
natasa

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац беше навистина блиску до актерските води, откако доби понуда да глуми во турска сапуница.

Иако продуцентите беа навистина заинтересирани за Наташа, таа се откажа од идејата бидејќи не била задоволна од понудениот хонорар.

„Наташа нема време за тоа, таа во моментот работи на својот нов сингл „Јас сум добра“, но и на новиот албум. Понудениот хонорар воопшто не беше голем, со оглед на работата и времето кое Наташа треба да ги посвети на снимањето. Јазикот е главната бариера, па шансите таа да глуми во серијата се навистина мали. Серијата ќе се снима за еден месец, а во тој период Наташа е многу зафатена“, изјавил близок пријател на пејачката.

Ната во последно време се повлече од јавноста и и се посвети на музиката, изгледа дека многубројните љубовни афери навистина ја „измориле“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma