Малолетен телохранител изјавил: Гадафи се уште се крие во близина на Триполи

popara31 август, 20111min00
Untitled-1

Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, наводно се крие јужно од Триполи. Уште во петокот на таа локација имал неколку средби. Оваа информација на новинарите на Sky News им ја дал малолетниот телохранител на еден од синовите на Гадафи, пишува Foks.

Абду Салам Атахер Али (17), член на безбедносниот тим на Хамис Гадафи, изјавил дека полковникот со џип бил доведен на средба со Кхамис и неговата ќерка Ајша. После средбата, неговиот конвој се упатил кон Сабха. Телохранителот потоа потврдил дека подоцна и Хамис бил убиен во воздушните напади на НАТО.

Жестоки борби се воделе во Сирт. НАТО силите ги интензивирале нивните напади врз силите на Гадафи. На Сирт во моментов се водат преговори помеѓу бунтовниците и силите лојални на Гадафи. Бунтовниците ги повикале сите лојални луѓе на Гадафи да се предадат до сабота, зошто во спротивно ќе ги зајакнале нападите и ќе започнеле воена акција, пишува Sky News. Друг човек близок на либиските бунтовниците Махмуд Јубрил повикал на деблокирање на либиските средства, а ист повик упатила и Арапската лига. Досега се деблокирани 1,5 милијарди долари во американските банки. Бунтовничките сили, исто така, побарале од Алжир да го предаде семејството Гадафи, кое пребегнало на нивна територија.

Бунтовниците во вторникот изјавиле дека заробиле стотици платеници, а меѓу нив имало и 17 Хрвати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag