Малтретирал полицајки со хот-лајн приказни

popara18 септември, 20111min00
sexy-police

Еден 43-годишен маж со иницијалите Г.М. е уапсен во Неапол поради тоа што три месеци на жените кои работат во полициската станица им упатил повеќе од 7.000 непристојни телефонски повици со навредлива содржина.
Г.М, кој моментално е пуштен на привремена слобода, ќе биде обвинет за малтретирање и навреди изречени преку телефон, навреди кон јавен службеник, опструкција на јавниот сервис и лажна тревога, се наведува во соопштението.

Г.М, повиците ги упатувал од мобилен телефон со блокирана SIM картичка и од која можел само да ги бира броевите за итни повици. Повиците ги упатувал на бројот 113, кој припаѓа на полицијата, и телефонската врска секогаш ја прекинувал кога од спротивната страна ќе му се обрател машки глас. Дневно, тој упатувал во просек околу 80 повици. Кога ќе се јавела полицајка, тогаш тој започнувал монолог ист како кај секс хот-лајн линиите и “ги предупредувал да не ја спуштаат слушалката, бидејќи во спротивно ќе ја силувал првата жена што ќе ја сретнел.” Полицијата успеала да го пронајде човекот и да го уапси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma