Иако цела светска јавност ја смета за икона по стилот на облекување и олицетворение на одличниот вкус, популарната актерка Сара Џесика Паркер поради своето однесување има проблеми во сопствениот дом. Како што признава самата, мора да внимава на секој збор што ќе го изговори.
Ѕвездата од серијата и истоимениот филм „Сексот и градот“, признава дека нејзиниот осумгодишен син Џејмс ги поставува правилата за однесување на улица, бидејќи не сакал мајка му да го срами пред луѓето.
– Џејмс не сака да користам зборови за кои тој смета дека сум престара и не смеам да играм во јавност. Инаку, никогаш не би ни играла пред народ, но кога сум со него тоа го правам намерно за да го испровоцирам – објаснува актерката.
Освен синот, 46-годишната Паркер од бракот со Метју Бродерик има двегодишни близначиња по име Марион и Табита, кои ги роди сурогат мајка.