Секоја жена треба да има во својот плакар две палта, во црна и во беж нијанса. Кога станува збор за должината имаме два избора – над колена и до половина. Кога е над колена здолништето треба да биде иста должина со мантилот, а не да се гледа под него. Кога мантилот е долг, здолништето би требало да биде долго и тоа се однесува на луѓето со повеќе килограми.
Со накитот не треба да експериментирате. Подобро да ставите марама околу вратот. Торбата треба да ја комбинирате со чевлите, па добро е да биде од ист материјал и стил. Торбата треба да биде во нијанса палтото. Хит за оваа сезона се ракавиците, а модерни се и ракавиците за возење, кои се целосно стегнати и со посебни отвори.