Латино пејачот Марк Ентони, наскоро познат и како поранешен сопруг на пејачката Џенифер Лопез, одбил да сними епизода од нивното заедничко шоу “Q’Viva: The Chosen”, известуваат американските медиуми. 43-годишниот Марк не заминал за Перу и Чиле, каде што требало да се снима следната епизода. А се шпекулира дека разлогот бил новото момче на Џенифер, младиот танчер Каспер Смарт.
Според извори на американскиот магазин Star, Марк и Џенифер минатата недела имале непријатен телефон разговор, а повод за тој конфликт бил новото момче на Џенифер. Џенифер во тој момент била со Каспер на одмор во Мароко. Џеј Ло од Мароко со својот приватен авион заминала за Перу и Чиле, додека Марк го побарал продуцентот на шоуто Симон Фулер и му порачал дека сериозно размислува да го напушти шоуто.