Откако Марк Вебер влезе во трката на шампионатот во 2010 година се заборави борбата на Марк, која ја имаше за да го достигне она што го достигна денес.
Почетокот на неговата кариера беше постојана борба за финансии. Напорно работел на тоа неговото име од картингот да влезе во Австралискара Формула Форд. Во 1996 година се преселил во Велика Британија за да го продолжи остварувањето на својот сон, работејќи во школи за возачи за да заработи по 43 фунти на ден. Од трка во трка од B-Reg Ford Fiesta, тој полека ги учел “лекциите” и стигнал да биде победник на Formula Ford Festival.
Следела британксата F3 во 1997 година, но тој ја започнал сезоната без многу пари за да се кандидира, па за среќа добил подарок од еден семеен пријател, 50.000 фунти за да успее да влезе како кандидат на трката. Потоа ја добил можноста за средба со Норберт Хауг, на Australian Grand Prix Ball, каде направил тест возење за Mercedes CLK GTR и со својот импресионивен перформанс си обезбеди место во книгата на Германскиот автомобилски гигант.
Во 1998 година заедно со со-возачот Бренд Шнајдер завршил на втората позиција на FIA GT. Во 1999 година Вебер имал катастрофална незгода на трката каде се судрил со друго возило и се превртел на стазата. По втората несреќа тој никогаш повеќе не возеше трка за Мерцедес.
Следната година тој влезе во F3000 и го доби својот прв тест со Reno во F1 тимот, каде го импресионирал тимот. Победата во Монако во 2001 F1 беше влијателна да го убеди Флавио Бријаторе да го потпише Вебер во својата компанија за упарвување и одеднаш F1 стана серизона можност за него.
Во 2002 година Вебер ја добил можноста да вози на местото на Пол Стодарт, при што никого не разочара. Тој заврши на трката на петтото место на трката во Австралија, на големо задоволство на своите фанови. Тоа беа неговите поени за таа сезона, но доволни за да му ја отворат вратата до тестот од Jaguar и место во тимиот за трката во 2003 година.
Вебер успеа да изгради репутација на брзо квалификувачки возач, но немаше среќа во трките и за 2005 година му беше понудено да вози за Рено и Вилијамс. Но, вториот беше со неодамнешен поголем успех, а Рено пак растечки тим во мрежата (докажано со титулите во 2005 и 2006 година). На крајот Вебер не можеше да се соочи со Фернандо Алонсо како тимски колега и спротивно на желбите на Бријаторе, потпиша во Вилијамс.
Тоа се покажа како грешка кога тој се бореше во тимот и заврши десетти во шампионатот. Работите се влошиле во 2006 година кога автомобилот бил многу несигурен. Во Монако имал добри шанси за добри резулатати, но не и неговиот автомобил. На крајот од сезоната тој барал можност пак да се врати на Jaguar, сега наречен Red Bull со Адријан Њуи на одборот како дизајнер.
2009 година беше неговиот пробив сезоната со две победи на Nurburgring и interlagos, но тој сезоната ја стратувал со закрепнување на скршеницата на ногата, која не беше закрепната во целост. Тој наишол на Себастијан Фетел како тимски колега.
Во 2010 година тој се изкачил на исто ниво со Германецот, но нивниот однос се влошил кога тимот почнал да го фаворизира фетел. Вебер бил особено бесен кога на Фетел му било дадено подобро место на British grand Prix. Ривалството тарело до последната трка кога Вебер постигнал голема шанса за преземање на титулата со четири гран-при победи, но неуспешната стратегија за менување на гумите ги уништи неговите шанси. Така тој заврши на седмото место на трката, а Фетел победи и ја доби титулата.
Со уште едно годишниот договор кој му преостанува со Red Bull, Вебер се надева дека ќе го победи Фетел во трката во 2011. Сепак тешко е да се помисли на тоа со оглед на фактот дека тој ја пропушти најдобрата шанса до сега, во 2010 година.
Што се донесува на неговата кариера тој после седум години и 130 трки, најголемиот успех го има постигнато со победата на German Grand Prix во 2009 година.