Пред два дена во Лос Анџелес било објавено дека познатиот режисер Мартин Скорсезе ќе снима римејк на познатиот филм „Коцкар“ од 1974 година во која главна улога тогаш играше Џејмс Кан, јавува Холивуд репортер.
За римејкот наводно сценариото би го напишал Вилијан Монахан, кој повеќе пати соработувал со Скорсезе, а продуцентите биле заинтересирани главната улога да му ја доделат на Леонардо Дикаприо, но актерот се уште нема потпишано никаков договор.
Инаку филмот од 1974 година е адаптација на истоименото дело на Фјодор Достоевски и го прикажува животот на еден професор од Њујорк, зависник од коцкање.